Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-510/18

  • Version
  • Преземи 4
  • Големина на фајлот 447.12 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 12, 2018
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-510/18

„Согласно со чл. 189 од КД на тужениот, работникот има право на надомест за користење сопствен автомобил во износ од 20% од цената на литар гориво за соодветно возило по поминат километар.

Во конкретниот случај, видно од извршеното вештачење, на релацијата с. Сирково – Градско немало јавен превоз, а тужениот немал организирано сопствен превоз, кој тужителот би можел да го користи за доаѓање на работа и од работа, а на наведената релација немало ниту железнички сообраќај, поради што морал да користи сопствено возило, што значи дека реално имал трошоци за користење сопствен превоз.

(...) Имено, вработените кои своите работни задачи ги извршуваат на начин што секојдневно патуваат од местото на живеење до местото на работа, како што е случај со тужителот, а немало јавен превоз и тужениот не обезбедил организиран превоз, имаат право на надомест на реалните трошоци кои ги имаат, кое право произлегува од одредбата од чл. 189 од КД на тужениот.”

Претходно Решение на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.37/2018
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право