- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 476.36 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање април 22, 2015
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-704/14
„(...) во услови кога тужителот немал дополнителни трошоци за патување од надоместот кој се исплаќа при вршење работни задачи во местото на живеење, истиот нема право да му бидат надоместени трошоците за превоз кои ги побарува (...). Законските одредби на кои тужителот се повикува во изјавената жалба се однесуваат за вработените кои своите работни задачи ги извршуваат надвор од местото на живеење на начин што секојдневно патуваат од местото на живеење до местото на работа и користат меѓуградски јавен превоз, а тужениот не обезбедил организиран превоз, поради што истите имаат поголеми трошоци за патување од надоместот кој се исплаќа при вршење работни задачи во местото на живеење, а не како во конкретниот случај, бидејќи тужителот живеел и работел во исто место, му бил исплатуван надомест на трошоци за превоз со превозни средства во јавниот сообраќај во висина од 900,00 денари, односно 825,00 денари и притоа не бил изложен на дополнителни реални трошоци за превоз со јавен превоз до и од работа.”