- Version
- Преземи 3
- Големина на фајлот 433.32 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јануари 25, 2017
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1147/15
„(...) правилно првостепениот суд одлучил кога го одбил барањето на тужителот за исплата на реалните трошоци за превоз за спорниот период кога тужителот вршел работни задачи надвор од местото на живеење, бидејќи со Колективниот договор на МВР било предвидено дека со распоредувањето на работникот надвор од местото на неговото живеалиште му следуваат патни трошоци направени при првото упатување на работникот на работното место и неговото последно враќање во местото на живеалиштето. Тоа значи дека реални трошоци за превоз му следуваат на работникот кога престојува во местото каде е распореден, а не и во случај кога секојдневно патува до и од местото на работа.
(...) надоместоците за превоз и хранарина се вкалкулирани во бруто-платата, а согласно со Законот за извршување на буџетот, како и со донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за исплата на плати е воведен системот на бруто-плата, а со одредбата од чл. 4, ст. 2 од Законот за измени и дополнување на Законот за работните односи („Сл. в. на РМ”, бр. 161 од 24.12.2008 година) се бришани ст. 1 и 2 од чл. 113 од ЗРО, односно е бришано утврденото право со чл. 113, ст. 1, т. 1 и 2 од ЗРО – правото на надомест на трошоци за превоз и трошоци за хранарина, па тужениот нема обврска на вработените, меѓу кои и на тужителот, да исплаќа ваков надомест.”