- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 259.34 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 15, 2018
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1528/17
„(...) првостепениот суд правилно утврдил дека во периодот од 21.7.2016 година до 7.11.2016 година тужениот немал организирано превоз за вработените до и од работа, меѓу кои и за тужителот, кои трошоци тужениот им ги признавал и исплатувал како стварни трошоци за најевтино превозно средство во јавниот сообраќај на релација С. – а. Петровец и обратно, но не повеќе од висината на надоместокот за одвоен живот од семејството, а за кое нешто тужениот донел решение (...) од 9.9.2016 година со кое на тужителот му го признал правото на надомест на стварни трошоци за превоз, почнувајќи со исплата од 21.7.2016 година согласно со податоците од работната листа за денови кога лицето доаѓа и заминува од работа.
Во конкретниот случај, како наведеното решение станало конечно и правосилно, односно како тужителот не повел судска постапка за оспорување на истото и не доставил докази од кои би се утврдиле деновите кога бил на работа, произлегува дека тужителот се согласил со содржината на решението, а дотолку повеќе што на тужителот му биле признати стварните трошоци за превоз за најевтино превозно средство од јавниот сообраќај и истите му биле исплатувани, поради што правилно првостепениот суд одлучил кога го одбил како неосновано тужбеното барање на тужителот (...), а согласно со чл. 188, ст. 1, т. 7 и чл. 195, ст. 2 од Законот за служба на АРМ, како и согласно со чл. 6, ст. 1 од Правилникот за начинот за исплата и висината на надоместоците за селидбени трошоци и трошоци за превоз.”