Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-385/14

  • Version
  • Преземи 2
  • Големина на фајлот 336.66 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 19, 2012
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-385/14

„Имено, точно е дека вештото лице во својот наод и мислење пресметало дека на тужителот му следуваат надоместоци за топол оброк и дневници за службени патувања во определени износи, меѓутоа во дополнителното вештачење вештото лице утврдило дека за тужителот било обезбедено сместување, што значи дека трошоците за сместување паѓаат на товар на тужениот, па согласно со Уредбата за издатоци за службени патувања и селидби во странство што на органите на управата им се признаваат во тековни трошоци, во член 10 било предвидено дека износот на дневницата се исплатува ако се поднесе сметка за сместување, како и во случаите кога сместувањето не паѓа на товар на органот на управата. Во конкретниот случај, согласно со оваа Уредба на тужителот за службените патувања во странство не му следуваат дневници, бидејќи сместувањето за него било на товар на органот на управата, односно на товар на тужениот, а од друга страна, пак, тужителот не поднел сметки за сместување со писмено барање до тужениот за да му се исплатат дневниците. При тоа, како вештото лице во дополнителното вештачење утврдило дека на тужителот не му следуваат надоместоци за службени патувања во РМ, произлегува и дека на истиот не му следуваат надоместоци за топол оброк, а ова дотолку повеќе што согласно со Законот за служба на АРМ не е предвидена обврската за исплата на топол оброк.

По однос на авансите за службено патување (...) за тужителот нема податоци за исплата на ваков аванс од причина што авансите се подигаат од благајната во МО и истите таму се раздолжуваат.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1373/12
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право