Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1185/17

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 642.46 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јуни 21, 2018
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1185/17

„Со супервештачењето изготвено врз основа на увид во оригиналната документација и во патните налози било утврдено дека тужителот бил ангажиран да врши превоз на трговска стока на релација Кавадарци – Солун – Кавадарци со транспортно возило и од патните налози бил утврден датумот на отпочнување на превозот и датумот на завршување на превозот, времето на отпочнување на превозот и времето на завршување на превозот, како и почетната и крајната дестинација на патувањето. Исто така, според датата и часот на поаѓање и враќање, вештите лица утврдиле дека тужителот не остварил службено патување во странство над 12 часа или, пак, време на службено патување во странство над 8 часа за да бидат исполнети условите за исплата на дневница.

Согласно со чл. 11 од Уредбата за издатоците за службени патувања и селидби во странство, највисок износ на дневница за патување за Р. Г. за сите места освен за А. изнесува 61 евро, и тоа – една дневница за секои 24 часа поминати на службено патување во странство и ако вкупното патување трае подолго од 12 часа, и – половина дневница за време од 12 часа поминати на службено патување во странство, како и во случај кога остатокот од времето во континуитет е подолго од 8 часа.

(...) во спорниот период тужителот не поминал повеќе од 12 часа патување по кој основ би остварил дневница од 50% од пропишаниот највисок износ на дневница за службено патување во странство, односно во износ од 30,50 евра, ниту пак над 8 часа за кое би остварил 30% од половина дневница. (...)”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-378/18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право