Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1561/15

  • Version
  • Преземи 2
  • Големина на фајлот 484.05 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 9, 2016
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1561/15

„При одлучувањето, првостепениот суд правилно утврдил дека правото на дневница за службено патување е законска категорија предвидена со чл. 113 од ЗРО, како и со чл. 68, ст. 1, т. 3 од КД на тужениот. Од друга страна, тужениот како работодавач немал основ со еднострана одлука, интерна одлука донесена од Управниот одбор без согласност на Синдикатот да го намалува или ограничува правото од работниот однос утврдено со закон и колективен договор. Така, и според чл. 12 од ЗРО е предвидено дека при склучувањето и престанувањето на договорот за вработување и во времетраењето на работниот однос, работодавачот и работникот се должни да ги почитуваат одредбите на овој и други закони, Mеѓународните договори што ја обврзуваат Република Македонија и другите прописи, Kолективните договори и Aктите на работодавачот. Со договорот за вработување, односно со Колективниот договор не може да се определат помали права од правата утврдени со закон, а ако содржат такви одредби, се сметаат за ништовни и се применуваат соодветни одредби од Законот.

Оттука произлегува дека правото на дневници за службено патување е утврдено во Колективниот договор на ниво на работодавач и ваквото право не може со Одлука на работодавачот (...) да се ограничи, ниту да се одземе – ускрати, поради што, тужбеното барање на тужителот кое се однесува за исплата на дневници за деловно патување во 2009, 2010 и 2011 година е основано (...).”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1539/15
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право