Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-931/13

  • Version
  • Преземи 12
  • Големина на фајлот 303.25 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 24, 2013
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-931/13

Со спорното решение на тужителот му престанува правото на надоместок на трошоците за закупнина на стан. Од самата содржина на спорното решение произлегува дека истото претставува акт на работодавачот, а не пропис со кој е регулиран и утврден однос меѓу тужителот и работодавачот – тужениот. Имено, принципот на ретроактивно важење се однесува исклучиво на пропис, а не се однесува на акт на работодавачот со којшто може да се повредат одредени права на работникот од работен однос. Со оглед на тоа дека предметното решение во суштина не може да произведе правно дејство со што би се загрозило одредено право на тужителот (работникот) сè до оној момент кога тужениот (работодавачот) со свое дејствие ќе засегне во правата на работникот утврдени со закон, колективен договор или договор за вработување, произлегува дека работодавачот донел законито решение.

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-976/13
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право