- Version
- Преземи 3
- Големина на фајлот 339.03 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јануари 28, 2010
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1325/09
„(...) Согласно со чл. 26, ст. 1 од Колективниот договор на тужениот, работникот може да биде распореден од едно на друго работно место на работа ако оддалеченоста е помала од 50 км. и ако му е обезбеден превоз до работа и од работа со јавниот сообраќај или со превоз на работодавачот. Согласно со ст. 2 од истиот член, ако потребата на работата и дејноста е од таква природа што бара работникот да работи на оддалеченост поголема од 50 км, работникот може да се распореди на друго место за работа, доколку му е обезбедено соодветно сместување, како и исхрана и превоз, во согласност со договорот за работа.
Неоснован е жалбениот навод на тужениот дека врз основа на решение за распоредување тужителот бил распореден во Скопје и бил пријавен во Агенција за вработување во Скопје, а истото тужителот не го оспорил, па според тоа тужениот нема обврска да му обезбеди сместување, исхрана и превоз. Имено, во конкретниот случај, тужителот со Решение за распоредување (...) од 21.4.2005 година бил распореден на работи и работни задачи вонреден професор (...) во Институтот за ветеринарна биомедицина, па како тужениот не донел посебно решение со кое ќе му биде утврдена висината на платата, односно вредноста на бодовите, како и другите надоместоци од плата кои евентуално му припаѓаат на тужителот како работник, тужителот поднел барање за да му биде даден надомест за одвоен живот, кое било одбиено со Одлука на Деканот на тужениот (...) од 3.5.2007 година, бидејќи седиштето на работодавачот било во Скопје, а тужителот бил пријавен во Агенција за вработување како вработен во Скопје. Меѓутоа, и по оценка на овој суд, правилно првостепениот суд утврдил дека тоа е седиштето на работодавачот, а тужителот сè до распоредувањето живеел во Битола, а неговото семејство и понатаму живее таму, па според тоа правилно утврдил дека тужителот има право на надомест за одвоен живот од семејството (...) за спорниот период кое произлегува од Законот за работните односи и од одредбите на Колективниот договор на тужениот.”