- Version
- Преземи 5
- Големина на фајлот 470.77 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање ноември 4, 2015
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-172/15
„(...) работникот има право на надомест на трошоци за одвоен живот кога истиот е распореден, односно упатен на работа надвор од седиштето на фирмата или надвор од местото на постојаното живеалиште и подолго време е одвоен од семејството. Ова значи дека правото на надоместок за одвоен живот од семејството е таков надоместок кој му се исплатува на работникот поради фактот дека истиот во определен период е упатен или распореден да ги извршува работните задачи за потребите на работодавачот надвор од местото на живеење, со што би бил одвоен од неговото семејство.
Постоењето, односно непостоењето на каква било одлука како акт на работодавачот е од ирелевантно значење за оваа правна ситуација, од причина што во конкретниот случај се работи за право утврдено со закон, а чија висина, основица и рок за пресметување и исплата се утврдува со колективен договор, односно закон и истото се остварува доколку бидат исполнети пропишаните услови, а тоа е работникот да биде упатен или распореден на работа надвор од седиштето на фирмата или надвор од местото на постојаното живеалиште, односно поради потребите на работодавачот биде упатен работните задачи да ги извршува надвор од местото на постојано живеење на неговото семејство, што не е случај во конкретната правна работа.
(...) во услови кога тужителот со одлука на работодавачот е упатен на службено патување на тренинг заради одржување и унапредување на способноста за работа на работното место во согласност со потребите на работниот процес, не може во конкретната правна работа да стане збор за надомест за одвоен живот, бидејќи тужителот ниту е упатен, ниту е распореден на работа, односно на извршување на работните задачи во странство, туку е упатен на тренинг, па оттука не се исполнети условите од чл. 35, ст. 1, ал. 4 и ал. 5 од Општиот колективен договор за приватен сектор од областа на стопанството и чл. 113, ст. 1 и ст. 3 од ЗРО.”