- Version
- Преземи 6
- Големина на фајлот 510.53 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 6, 2015
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-615/14
„Имено, кога работникот има барање по основ надомест за одвоен живот, истиот ќе има право доколку живее и работи надвор од местото каде што живее неговото семејство, и тоа во подолг временски период, а не ако работникот повремено извршува работи и работни задачи во рамките на неговиот опис и попис на работно место како што тужителот работел во спорниот период.
(...) во услови кога со договор за вработување е утврдено дека тужителот ќе ги извршува работите во магацин Битола и на терен во работно време од 9 до 16 часот во деновите од понеделник до петок и во сабота од 9 до 14 часот, истиот повремено извршува работи и работни задачи во рамките на неговиот опис и попис на работно место, со обезбедено сместување и исхрана, не може во конкретната правна работа да стане збор за надомест за одвоен живот.
(...) првостепениот суд правилно утврдил дека во конкретниот случај се работи за различни основи и не може да се работи и за барање за надомест за теренски додаток, бидејќи тужителот прифатил и се сложил работите да ги извршува како што е наведено во чл. 3 од договорот за вработување.”