Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-676/18

  • Version
  • Преземи 18
  • Големина на фајлот 285.51 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 11, 2018
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-676/18

„(...) правилно првостепениот суд утврдил дека тужителката имала живеалиште во Општина Ш. заедно со нејзиното семејство (...).

Во конкретниот случај, се работи за надомест на трошоци за одвоен живот поради распоредување во филијала на тужениот во П., а не за распоредување на тужителката на работно место надвор од нејзиното живеалиште, па не е од влијание фактот што тужителката не приговарала на одлуките за распоредување, додека пак, плаќањето на закупнината за станот каде што живеела тужителката и плаќањето на месечните сметки не значат и исплата на надомест за одвоен живот од семејството, а дотолку повеќе што и исплатата на тужителката на износот од 10.000 евра се однесува на отпремнина поради спогодбен престанок на работниот однос и во овој износ не може да влезе износот којшто на тужителката ѝ следува за одвоен живот.

Согласно со чл. 113, ст. 1, т. 4 од ЗРО, работникот има право на надомест на трошоци поврзани со работата за одвоен живот од семејството, а според ст. 3 од истиот член, висината, основицата и рокот за пресметување и исплата на надоместокот на овие трошоци се утврдува со закон и колективен договор.

Според чл. 66 од Колективниот договор на тужениот, на работникот кој е одвоен од семејството поради потреба на работниот процес му следува надоместок за одвоен живот од семејството во висина од 60% од остварената просечна месечна плата во Републиката исплатена во последните три месеци. Надоместокот за одвоен живот и теренскиот додаток меѓусебно се исклучуваат.

(...) тужителката која живеела надвор од местото каде што според основниот договор засновала работен однос има право на надоместок за одвоен живот од семејството во висина од 60% од остварената просечна месечна плата во Републиката исплатена во последните три месеци за периодот во којшто престојувала во П. (...).”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-478/18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право