Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1507/17

  • Version
  • Преземи 15
  • Големина на фајлот 282.17 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 8, 2018
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1507/17

„(...) првостепениот суд правилно утврдил дека тужителот кој имал постојано место на живеење и пријавено живеалиште во Б. бил вработен кај тужениот и сметано од 1.11.2008 година бил упатен да извршува работни задачи надвор од местото на неговото постојано живеалиште, како и надвор од местото на коешто го имал засновано работниот однос и на коешто ги извршувал работните задачи, односно во период од 1.11.2008 година до 1.6.2016 година тужителот работните задачи ги извршувал во Скопје. За периодот од 1.11.2008 година до 31.10.2011 година тужениот на тужителот му исплатувал надоместок за одвоен живот.

Согласно со чл. 73 од Колективниот договор на тужениот, работникот има право на надомест за одвоен живот во висина од 60% од просечната месечна нето-плата по работник во Републиката, исплатена во последните три месеци, што значи дека овој надоместок му припаѓа на работник којшто е со место на живеење или пријавено престојувалиште во друг град и кога работникот заради потребите на Друштвото е распореден, односно упатен на работа надвор од седиштето на Друштвото, односно надвор од местото каде што работникот дотогаш ја вршел работата или надвор од местото на постојаното живеалиште.

Во конкретниот случај, правилно првостепениот суд утврдил дека тужителот во повеќе наврати доставувал писмени барања до тужениот за признавање на правото на надоместокот за одвоен живот и истиот барал тужениот да му одговори писмено, па доколку тужениот како работодавач сметал дека барањето е некомплетно, односно дека тужителот во прилог на барањето било потребно да достави и дополнителна документација, истиот бил должен да му укаже и да побара дополнување.

Оттука, како со Колективниот договор на тужениот било утврдено правото на надомест за одвоен живот во висина од 60% од просечната месечна нето-плата по работник во Републиката, исплатена во последните три месеци, правилно првостепениот суд одлучил кога делумно го усвоил тужбеното барање на тужителот како во изреката на обжалената пресуда.”

Претходно Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-97/18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право