- Version
- Преземи 2
- Големина на фајлот 1.16 MB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 16, 2015
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-698/15
„Согласно со чл. 68, ст. 1, т. 10 од Колективниот договор на тужениот, работникот има право на надоместок на трошоци поврзани со работа, за регрес за годишен одмор.
Согласно со чл. 81 од истиот колективен договор, за деновите поминати на годишен одмор работникот добива регрес за годишен одмор во висина од 60% од просечно исплатената нето-плата во последните 3 месеци во стопанството на Република Македонија.
Согласно со чл. 1, ст. 2 од истиот колективен договор е предвидено дека истиот е задолжителен за работодавачот и за работниците кои се во работен однос, а кои се или не се членови на репрезентативниот синдикат потписник на овој договор, како и лицата кои подоцна ќе му пристапат.
(...) првостепениот суд правилно постапил кога го усвоил тужбеното барање на тужителот бидејќи утврдил дека правото за исплата на регрес за годишен одмор е предвидено во Колективниот договор на тужениот и ова право тужителот го стекнал со искористувањето на годишниот одмор. Имено, тужениот согласно со горенаведените одредби од колективниот договор е обврзан како работодавач да им исплати на своите работници регрес за годишен одмор без обѕир на тоа дали има обезбедено или не средства за исплата или таква обврска тужениот пресметал во финансовата евиденција како трошок поради економската криза и намалувањето на трошоците во работењето, бидејќи таквото право произлегува од колективниот договор, кој тужениот е обврзан да го примени. Оттука, овој суд смета дека ваквата одлука на првостепениот суд е правилна бидејќи тужениот ваква обврска предвидел во Колективниот договор, кој е во согласност со Законот за работните односи каде во чл. 12, ст. 3 и 4 е наведено дека со договорот за вработување, односно со колективен договор, може да се одредат правата кои за работниците се поповолни, отколку што ги определува овој закон. Правата од работен однос утврдени со Уставот, закон и колективен договор не можат да се одземат или ограничат со акти и дејствија на работодавачот.”