- Version
- Преземи 7
- Големина на фајлот 305.23 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање ноември 3, 2011
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1254/11
„Неоснован е жалбениот навод дека тужителот требал со писмено барање да се обрати до тужениот за надомест на трошоци поврзани со работа поради смрт на работник, како и тоа дека во договорот за вработување не стои дека работодавачот е должен да ги применува одредбите од Општиот колективен договор во стопанството на РМ, па поради тоа тужителот нема право да го бара овој надомест. Ова од причина што во Законот за работните односи не е утврдена ваква обврска тужителот да поднесе писмено барање кога согласно со Закон е обврзан работодавачот – тужениот да му го исплати надоместокот на трошоци поврзани со работа, а воедно согласно со чл. 35 од ОКД во стопанството на РМ стои обврската и со вештачење е утврдена висината на надоместокот.”