- Version
- Преземи 7
- Големина на фајлот 495.98 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јануари 1, 2013
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-2086/12
„(...) во конкретниот случај се работи за надомест на трошоци поврзани со работа поради смрт на работник, а како сопругот на тужителката до денот на смртта бил вработен кај тужениот и редовно ги извршувал работните задачи, тужениот има законска обврска за исплата на надомест на трошоци поврзани со работата за смрт на работник. Дека тужителката има право на овој надомест произлегува и од фактот што ова право ѝ е признаено и во самото решение за престанок на работен однос поради смрт (...) донесено од страна на тужениот, а по барање на тужителката, а воедно истата видно од списите во предметот неколку пати се обратила писмено до тужениот со барање за средства за надомест – парична помош во случај на смрт на вработен што значи дека истата постапила согласно со одредбите од чл. 17 од Законот за извршување на Буџетот на РМ за 2010 година.
(...) тужениот е работодавач на сопругот на тужителката, а не Министерството за образование и наука и до денот на смртта тој бил вработен кај тужениот и редовно ги извршувал работните задачи, па тужениот има законска обврска за исплата на надомест на трошоци поврзани со работата за смрт на работник, а тоа што не се доделени средства од Буџетот, не претставува основ преку кој би се прифатило дека е неосновано тужбеното барање на тужителката, односно дека тужениот нема обврска да ѝ ги исплати овие средства на тужителката кои се утврдени со закон.”