Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-65/17

  • Version
  • Преземи 11
  • Големина на фајлот 336.21 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јули 3, 2017
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-65/17

„Тужениот во жалбата наведува дека првостепениот суд пресудата ја заснова врз недозволени располагања бидејќи на семејството на тужителката му е исплатен предметниот надоместок.

Овој суд го ценеше ваквиот жалбен навод, но не го прифати како основан. Имено, во конкретниот случај, од изведените писмени докази правилно утврдил првостепениот суд дека тужителката е вработена кај тужениот ЈП (...). На 19.10.2015 година, во Скопје починал сопругот на тужителката, Р. П., кој исто така бил вработен кај тужениот. Исто така, од Одлуката за исплата на паричен надоместок (...) од 22.6.2016 година, произлегло дека истата е донесена врз основа на чл. 113, ст. 1, т. 5 од ЗРО и чл. 78, ст. 1 од КД на тужениот, односно дека со истата е утврден и исплатен надомест за случај на смрт на работникот Р. П. на неговото семејство, односно на неговата сопруга, тужителката С. П. Предмет на тужбеното барање на тужителката е износ на име надомест за случај на смрт на член на семејство на работникот, утврдено во чл. 78, ст. 2 од КД на тужениот, со кој е утврдено дека во случај на смрт на член на семејството на работникот му се исплатува надоместок во висина на износот на 2 (две) просечни месечни плати во претпријатието, исплатени во претходните три месеци, односно предмет на тужбеното барање е остварување на правото на исплатата на наведениот надоместок, како право на тужителката, како вработена кај тужениот. Имајќи предвид дека тужениот не предложил докази во смисла на чл. 205 од ЗПП, дека правото од чл. 78, ст. 1 од КД на истиот, како право на семејството на починатиот работник и правото од чл. 78, ст. 2 од КД на истиот, како право на работникот, во случај на смрт на член на неговото семејство, се исклучуваат, кој факт не произлегува ниту од останатите одредби од КД на тужениот, како и имајќи предвид дека помеѓу странките не е спорно дека износот предмет на тужбеното барање во висина од 35.612,00 денари е пресметан согласно со цитираниот чл. 78, ст. 2 од КД на тужениот, како и дека истиот не ѝ е исплатен на тужителката, судот правилно оценил дека чл. 78, ст. 2 од КД на тужениот произведува обврска за тужениот, износот во висина од 35.612,00 денари, да ѝ го исплати на тужителката, како нејзино право утврдено со КД, а во смисла на чл. 206, ст. 2 од ЗРО и чл. 223, ст. 1 од ЗРО, каде што е утврдена должноста за извршување на одредбите на КД за страните на колективниот договор и лицата на кои тој се применува, покрај правото на истата од чл. 78, ст. 1 од КД на тужениот, како член на семејството на покојниот работник кај тужениот, а во случајот нејзиниот сопруг Р. П.

Овој суд ги ценеше жалбените наводи дека тужбеното барање е неосновано, од причина што тужителката не докажала дека истата е правен наследник на починатиот работник, Р. П., меѓутоа и ваквите наводи ги оцени како неосновани, од причина што со предметната тужба тужителката бара остварување на правото од чл. 78, ст. 2 од КД на тужениот, како нејзино право, кое произлегува од нејзиниот работен однос кај тужениот, односно не станува збор за право на кое истата претендира како наследник на нејзиниот починат сопруг.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-468/17
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право