- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 312.39 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање април 4, 2013
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-305/13
„По наоѓање на овој суд, погрешен е заклучокот на првостепениот суд дека тужениот е должен да ѝ исплати на тужителката на име неисплатена отпремнина при одење во пензија, затоа што со решение од 17.5.2010 година, донесено од директорот на СМУГС д-р Панче Караѓозов, било наведено дека исплатата на отпремнината согласно со ова решение ќе ја изврши Градот Скопје од средствата добиени како блок-дотација за оваа намена, а согласно со чл. 113, ст. 2 и ст. 3 од ЗРО, чл. 21, ст. 1, ал. 12 од Општиот колективен договор за јавниот сектор на РМ и чл. 15 и чл. 50 од Законот за извршување на буџет на РМ. Ова од следниве причини:
Согласно со чл. 13, со потпишување на договорот за вработување се заснова работен однос меѓу работникот и работодавачот.
(...) СМУГС д-р Панче Караѓозов како работодавач поради исполнување услови за старосна пензија има законска обврска на работникот да му исплати отпремнина, а не второтужениот Град Скопје.”