- Version
- Преземи 16
- Големина на фајлот 337.70 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 15, 2012
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1474/11
„(...) правото на отпремнина за пензионирање е право на тужителот кое е утврдено со чл. 113 од ЗРО како lex specialis – посебен закон што го уредува ова прашање, чл. 9, ст. 1 и 2 од Законот за исплата на плати во РМ, како и со чл. 16 од Законот за извршување на буџетот на РМ за 2010 година. Согласно со чл. 16 од наведениот закон, се предвидува дека во случај на заминување на работникот во пензија му се исплатува двократен износ за отпремнина пресметан врз основа на просечна месечна нето-плата по работник во Републиката објавена до денот на исплатата. Оттука произлегува дека тужителот како работник на кој му престанува договорот за вработување поради исполнување услови за старосна пензија има право на отпремнина во висина на две просечни нето-плати исплатени во РМ.”