- Version
- Преземи 6
- Големина на фајлот 272.93 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 10, 2013
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-895/13
„(...) Во конкретниот случај се работи за право на јубилејна награда и за да работникот има право на јубилејна награда потребно е истиот да работи во континуитет кај ист работодавач – тужениот. Видно од доказите изведени во текот на постапката, се утврдува дека тужителката нема непрекината работа во ефективно траење од 20 години кај тужениот, односно за истата во работната книшка се наведени податоци дека работела кај тужениот за период од 11.5.1992 година до 19.10.1994 година и од 1.8.2008 година па натаму, но во меѓувреме работела и кај други работодавачи.
Од овие причини, по наоѓање на овој суд правилно првостепениот суд утврдил дека тужителката не исполнила услов за право на јубилејна награда, односно истата нема непрекината работа во ефективно траење од 20 година во Минстерството за внатрешни работи.”