- Version
- Преземи 48
- Големина на фајлот 323.61 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање септември 24, 2014
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-190/14
„Одлучувајќи за тужбеното барање на тужителот за надомест на јубилејна награда за непрекинати 10 години работа кај тужениот, првостепениот суд утврдил дека тужителот наполнил 10 години работен стаж, односно 10 години непрекината работа кај тужениот, па како тужениот не му исплатил јубилејна награда на тужителот за непрекината работа од 10 години, имајќи ги одредбите од чл. 113 од ЗРО, чл. 68, ст. 1, т .8 и т. 10, чл. 79, ст. 1 и ст. 2, т. 1 од Колективниот договор на работниците кај тужениот и чл. 1, ст. 2 од Колективниот договор, правилно одлучил кога го усвоил тужбеното барање на тужителот и го задолжил тужениот да му исплати на тужителот на име јубилејна награда во износ од 17.393,00 денари, што преставува просечно исплатена нето-плата по работник на ниво на тужениот за месец мај, јуни и јули 2010 година.
Во жалбата на тужениот се наведува дека првостепениот суд погрешно утврдил дека на тужителот му следува право на јубилејна награда, бидејќи тужителот своето право најпрво требал да го оствари пред работодавачот со поднесување писмено барање, а потоа да бара судска заштита, како и дека тужениот на ниту еден вработен му нема исплатено јубилејна награда во пари, затоа што согласно со одлуката (...) од 9.2.2012 година, јубилејните награди на сите вработени, вклучувајќи го и тужителот, се исплаќаат преку давање огревно дрво, па оттука првостепениот суд погрешно прифатил и дека постои одлука од страна на тужениот за исплата на јубилејна награда во пари.
Овој суд ги ценеше вака истакнатите жалбени наводи, но ги најде за неосновани од следниве причини:
Правото на јубилејна награда е законско право утврдено со ЗРО и истото претставува директно парично побарување за чие остварување тужителот како работник, а согласно со чл. 181, ст. 5 од ЗРО и чл. 159 од Колективниот договор, може да го оствари непосредно пред надлежниот суд. Одлуката (...) од 9.2.2012 година, видно од нејзината содржина, истата се однесува за исплата на јубилејни награди за 2009 година со производи на Јавното претпријатие, меѓутоа се однесува исклучиво за правото на работник на јубилејна награда за навршен јубилеј од 10, 20 или 30 години во тековната 2009 година, што значи дека правото на тужителот на јубилејна награда не било опфатено со оваа одлука, бидејќи истиот наполнил 10 години непрекината работа кај тужениот на ден 4.8.2010 година и од тој ден истиот се стекнал со право на јубилејна награда во висина определена во Колективниот договор на работниците кај тужениот.”