Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-224/19

  • Version
  • Преземи 22
  • Големина на фајлот 347.44 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 28, 2020
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-224/19

„Неоснован е жалбениот навод на тужениот дека тужителите направиле повреди во постапката при заштитата на своето право, во смисла дека најпрво требале да поднесат барање до работодавачот, како и дека тужениот спроведувал подзаконски акт – Заклучок на Владата на РМ како антикризна мерка, согласно со кој не е во обврска да исплаќа награди или регрес за годишен одмор. Ова од причина што согласно со чл. 181, ст. 6 од Законот за работните односи, се работи за парично побарување од работен однос и тужителите без оглед на роковите можат ова парично побарување да го остваруваат непосредно со поднесување тужба пред надлежен суд. (...) за овој период за кој се однесува тужбеното барање на тужителите нема одредба со која се ограничува ова право, а воедно според судот, ова претставува право утврдено во ЗРО, па на вработените кај тужениот, односно на тужителите им следува јубилејна награда, бидејќи правата на работникот не можат со акти или дејствија на работодавачот да бидат ограничени во смисла на чл. 12, т. 4 од ЗРО, односно правото на работникот кое му следува согласно со Закон да му се одземе или да му се ускрати.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.177/2019
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право