Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-242/17

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 298.59 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јули 3, 2017
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-242/17

„(...) се работи за право на јубилејна награда, кое е предвидено во чл. 35, ст. 1, ал. 10 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството и чл. 89 и чл. 91 од КД на тужениот. Тужителот на ден 25.4.2015 година остварил непрекинат стаж од 40 години, па според тоа и му следува исплата на јубилејна награда во висина на една и пол основица, а кое нешто е предвидено во ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството во РМ („Сл. в. на РМ”, бр. 84 од 28.6.2010 година, „Сл. в. на РМ”, бр. 115 од 1.8.2014 година).

Тужениот во жалбата наведува дека првостепениот суд неосновано го досудил износот за јубилејна награда во висина од една и пол просечна плата.

Овој суд го ценеше ваквиот жалбен навод, но не го прифати како основан од причина што, во чл. 89 од КД на тужениот (...) од 12.9.2011 година, кој бил во важност на 5.3.2015 година кога тужителот исполнил непрекинат стаж од 40 години кај тужениот, утврдено е правото на тужителот на јубилејна награда за исполнети 40 години ефективен стаж кај тужениот во висина на една и пол плата. Од овие причини, правилно постапил судот кога го усвоил во целост предметното тужбено барање.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-65/17
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право