Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1167/18

  • Version
  • Преземи 20
  • Големина на фајлот 396.17 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање декември 11, 2018
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1167/18

„Во изјавената жалба, тужителот наведува дека судот само врз основа на Решението за минат труд ја засновал одлуката, кое решение е издадено од самиот работодавач и погрешно утврдил дека тужбеното барање е застарено бидејќи денот кога се стекнал со правото е 1.6.2017 година, а денот на поднесување на тужба е 17.4.2018 година, што значи не е помината ни една година. Исто така, тужителот наведува дека е вработен кај тужениот од 1.6.1987 година што значи на 1.6.2017 година има навршено 30 години непрекината работа, со што го исполнува условот за добивање на јубилејна награда, па како тужбата е поднесена на 17.4.2018 година значи не се поминати три години од стекнувањето на правото за јубилејна награда.

Овој суд ги ценеше ваквите жалбени наводи, но истите ги одби како неосновани. Ова од причина што, првостепениот суд од работната книшка, Уверение (...) од 26.4.2018 година и од решенијата за минат труд од 15.3.2018 и 21.6.2017 година утврдил дека тужителот заклучно со 17.4.2018 година има работен стаж кај тужениот од 30 години, 10 месеци и 16 дена, а со оглед дека на тужителот во текот на одреден дел од ефективниот работен стаж му бил пресметан и исплатен стаж со зголемено траење како машиновозач, бенифициран стаж кој заклучно со 14.4.2018 година изнесува 7 години, 3 месеци и 24 дена, од каде произлегува дека заклучно со поднесување на тужбата тужителот имал вкупно работен стаж од 38 години, 2 месеци и 10 дена. Оттука, како неспорно е утврдено дека тужителот согласно со решение за минат труд од 15.3.2018 година има работен стаж кој изнесува 39 години, а имајќи предвид дека тужителот тужбата ја поднел на ден 17.4.2018 година за надомест на јубилејна награда произлегува застареноста на барањето на тужителот за исплата на јубилејна награда, бидејќи поминати се повеќе од 3 години согласно со чл. 115 од ЗРО како преклузивен рок во кој тужителот можел да истакне побарување по основ исплата на јубилејна награда спрема тужениот. Според тоа, по оценка на овој суд, правилно првостепениот суд одлучил кога го одбил поради застареност тужбеното барање на тужителот како во изреката на првостепената пресуда.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1147/18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право