Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1200/19

  • Version
  • Преземи 13
  • Големина на фајлот 357.70 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јануари 9, 2020
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1200/19

„(...) Согласно со чл. 113, ст. 2 од ЗРО, работникот има право на отпремнина при одење во пензија, како и јубилејна награда. Согласно со ст. 3 од истиот член, висината, основицата и рокот за пресметување и исплата на надоместокот на овие трошоци се уредува со закон и колективен договор.

Согласно со чл. 21, ст. 1, ал. 13 од Општиот колективен договор за јавниот сектор на РМ, работникот има право на надомест на трошоци поврзани со работа утврдени со закон, и тоа за јубилејни награди. Согласно со ст. 2 од истиот член, висината на надоместоците од ст. 1, освен ал. 4 и 7, се усогласува со анекс на колективниот договор на годишно ниво.

Водејќи се од содржината на наведените законски одредби, произлегува дека правото на јубилејна награда е право кое е уредено со ЗРО и Општиот колективен договор за јавниот сектор на РМ, меѓутоа, наведените прописи за висината, основицата и рокот за пресметување и исплата на јубилејната награда, упатуваат на закон, односно на анекс на колективен договор. Следствено на наведеното, во Законот за исплата на платите во РМ, Законот за извршување санкции и Законот за вработените во јавниот сектор, предметното право не е уредено ниту по основ, ниту по висина. Со оглед дека Колективен договор на ниво на работодавач нема, а Општиот колективен договор за јавниот сектор на РМ за висината, начинот и рокот за исплата упатува на анекс на колективен договор, кој се носи на годишно ниво, а кој не е донесен, произлегува дека досудениот износ на име јубилејна награда како просечна плата не наоѓа законски основ во повиканите одредби од страна на првостепениот суд.

Во оваа насока, по наоѓање на овој суд, доколку за време на важење на колективен договор се донесе закон со кој се ограничуваат права од КД, се применува законот како повисок правен акт од колективниот договор во правниот поредок на државата. Со влегување во сила на ЗРО („Сл. в. на РМ”, бр. 62/05), а согласно со чл. 269 од овој закон, престануваат да важат сите Колективни договори кои нема да се усогласат со тој Закон до 5.2.2006 година, па како КД за општествени организации и здруженија на граѓани на РМ и КД за државните, правосудните и органите на локалната самоуправа на РМ биле донесени пред донесувањето на ЗРО, а истите не се усогласени со ЗРО, овие Колективни договори не можат да се применуваат во конкретниот спор, како што постапил првостепениот суд.”

Претходно Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-595/19
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право