Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-890/16

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 412.88 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 26, 2017
  • Последна промена јули 31, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-890/16

„Неосновани се жалбените наводи на тужениот во кој наведува дека поради настанатите потешкотии во работењето на тужениот, истиот не бил во состојба да врши исплата на надоместоци на вработените – испратнина и јубилејна награда, па од тие причини погрешно одлучил првостепениот суд кога го усвоил тужбеното барање на тужителката. Во изјавената жалба, тужениот наведува дека поради настанатите потешкотии во работењето на тужениот фабриката немала издвоени посебни средства, ниту можност да издвои средства за исплата на отпремнина заради остварување на право на пензија и за јубилејна награда, па поради тоа истите сè уште не им биле исплатени на вработените.

Овој суд ги ценеше ваквите жалбени наводи, но истите ги одби како неосновани. Ова од причина што, правилно првостепениот суд утврдил дека тужителот наполнил 30 години непрекината работа кај тужениот на ден 1.6.2013 година.

Според тоа, како тужителот го остварил условот за правото на јубилејна награда, правилно првостепениот суд одлучил кога го задолжил тужениот да му го исплати износот од 21.130,00 денари на име неисплатена јубилејна награда за непрекината работа во траење од 30 години, бидејќи ова право било предвидено во чл. 35, ст. 1, ал. 10 од ОКД (...) и чл. 205, ст. 1 од ЗРО, како и чл. 89, ст. 1 од КД на тужениот (...) од 12.9.2011 година кој тогаш бил во важност.

(...) Неспорно е дека тужителот бил во работен однос кај тужениот како работодавач и дека тужителот го остварил правото на старосна пензија. Според тоа, на тужителот му следува отпремнина во висина од 43.836,00 денари.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-588/16
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право