Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1560/15

  • Version
  • Преземи 15
  • Големина на фајлот 479.12 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање декември 28, 2016
  • Последна промена јули 31, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1560/15

„При неспорна околност дека годишниот одмор за 2012 година е искористен од страна на тужителот и истиот има навршени 30 години непрекината работа кај тужениот, а согласно со чл. 68, ст. 1, од т. 1 до 10 од КД на тужениот е утврдено дека работникот има право на надоместок на трошоци поврзани со работа, и тоа за исхрана за време на работа, превоз до и од работа, службено патување, теренски додаток, користење на приватен автомобил за службени потреби, одвоен живот од семејството, смрт на работникот или член на неговото семејство, јубилејни награди, отпремнина и регрес за годишен одмор, a согласно со чл. 81 од КД за работниците кај тужениот, за деновите поминати на годишен одмор, работникот добива регрес за годишен одмор во висина од 60% од просечно исплатената месечна нето-плата во стопанството на РМ за последните 3 месеци, додека согласно со чл. 79 од истиот колективен договор, за непрекината работа во претпријатието на работникот му се исплатува јубилејна награда за навршени 10, 20 и 30 години и висината на јубилејната награда за навршени 30 години изнесува 160% од просечно исплатената месечна нето-плата во стопанството на РМ за последните 3 месеци, произлегува дека тужителот има право на исплата на регрес за годишен одмор и на јубилејна награда.

Наведеното дотолку повеќе што, правата од работен однос утврдени со Уставот, закон и колективен договор не може да се одземат или ограничат со акти и дејствија на работодавачот, па тужениот како работодавач немал основ било со еднострана одлука или било со интерна одлука донесена од Управниот одбор да го намалува или ограничува правото од работниот однос утврдено со закон и колективен договор, во конкретниот случај, правото на регрес за годишен одмор и правото на јубилејна награда.

Тужениот е јавно претпријатие и за него не може да се примени Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството како што прифатил првостепениот суд во однос на висината на тужбеното барање за надомест за непрекинато боледување подолго од 6 месеци поради повреда на работа.

Бидејќи во колективниот договор на тужениот не е предвидено ова право на надомест за непрекинато боледување подолго од 6 месеци поради повреда на работа, за висината на надоместокот првостепениот суд требал да ја има предвид одредбата од чл. 13 од Законот за извршување на буџет за предметниот период, во кој е наведено дека во случај на непрекинато боледување подолго од шест месеци, на вработениот му се исплатува еднократна парична помош во висина од една последна исплатена просечна месечна нето-плата во органот каде што е вработен.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-314/16
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право