- Version
- Преземи 4
- Големина на фајлот 173.98 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јули 17, 2018
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-623/12
„(...) на 10.8.2010 г. тужениот со решение му одобрил на тужителот користење на годишен одмор во периодот од 10.8.2010 г. до 17.8.2010 г. Истиот ден тужениот му наложил на тужителот да се потпише на чист лист бела хартија А4 формат, а како причина навел остварување на определени права, при што, воопшто не станало збор за престанок на работниот однос.
Врз основа на изготвено графолошко вештачење, првостепениот суд утврдил дека потписот на Спогодбата за раскинување на работниот однос, е автентичен со неспорните потписи од тужителот, меѓутоа потписот не е ставен од негова рака во рубриката „Работник“ над пишаниот во компјутер текст и дека оспорената спогодба е копија, на која нема траги од мастило на потпис, нема траги од притисок при ставање на потписот, има графоскопски траги од копирана боја, односно потписот на тужителот бил ставен со скенирање-копирање, односно употреба на соодветна оптичка, оперативна техничка направа, како што е копир, скенер или принтер.
(...) по наоѓање на овој суд, првостепениот суд правилно постапил кога ја поништил како незаконска спогодбата за престанок на работниот однос од 20.8.2010 година склучена помеѓу тужениот и тужителот (...).
Во конкретниот случај, видно од образложението на првостепената пресуда, првостепениот суд наведува дека во изготвеното графолошко вештачење вештото лице навело дека потписот на Спогодбата за престанок на работниот однос е автентичен со потписите на тужителот, меѓутоа Спогодбата е копија и дека потписот на тужителот на оспорената Спогодба е ставен со скенирање-копирање, со употреба на соодветна оптичка, оперативно техничка направа на која околност се надоврзал исказот на тужителот даден во својство на странка дека на 10.8.2010 година тужениот му наложил на тужителот да стави своерачен потпис на чист лист бела хартија А4 формат. (...)”