Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1237/13

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 100.90 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јануари 30, 2014
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1237/13

„(...) по наоѓање на овој суд, првостепениот суд правилно го применил материјалното право кога го усвоил тужбеното барање на тужителката наоѓајќи дека Спогодбата за престанок на работниот однос од 30.11.2011 година не е потпишана од страна на тужителката и дека тужениот незаконски ја одјавил тужителката од Агенцијата за вработување.

Во жалбата на тужениот се наведува дека тужителката нема правен интерес за поставеното тужбено барање, кога го има повлечено барањето за враќање на работа. Овој суд го ценеше истакнатиот жалбен навод, но го најде за неоснован од причина што согласно со чл. 102, ст. 1 од ЗРО, ако судот донесе правосилна одлука со која е утврдено дека на работникот незаконски му престанал работниот однос, работникот има право да се врати на работа, ако тоа го бара, што значи дека на работникот му е оставена можност ако судот донесе одлука со која е утврдено дека незаконски престанал работниот однос, да бара од судот да го задолжи работодавачот да го врати на работа и да го распореди на соодветно работно место.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-20/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право