- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 344.22 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање ноември 1, 2010
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-116/11
„Имено, тужителот сторил кршење на работниот ред и дисциплина на начин што одбил да извршува итни и неодложни работи во Јавен царински склад при АД за подготовка на стока за царинска постапка со лепење бандероли на алкохолни пијалоци за извоз при што го отежнал процесот и организацијата на работата, како и во текот на месец декември 2009 година повеќе пати излегувал со излезници за приватни работи, одбивал да извршува работи во ЈЦС при АД, го злоупотребувал работното место за сопствени потреби со тоа што седел на портирница на терминал без одобрение и останувал по истекот на работното време. Според тоа, одлуката за престанок на работниот однос со отказ на тужениот е правилна и законита, донесена врз основа на чл. 82, ст. 1, т. 5 и чл. 81, ст. 1, т. 2 и 4 од ЗРО.
(...) тужителот одбил да работи при што го отежнал процесот и организацијата на работата. Тужителот и со договорот за работа доброволно ги прифатил обврските од законските и други прописи, колективниот договор, правилникот за организација и систематизација на работни места и другите акти на работодавачот, работите да ги извршува совесно, да се придржува кон пропишаното работно време, да ги почитува актите, наредбите, напатствијата на работодавачот и да се воздржува од штетно однесување, а во случајот одбил работа – лепење бандероли, која не е во спротивност на препораките во специјалистичкиот извештај. Работата била итна и неодложна и наредба добиле и други вработени.
(...) доколку тужителот имал одреден степен на инвалидитет, тоа требало да го утврди инвалидската комисија која ја утврдува работната способност, односно инвалидитетот, а не судот. Во конкретниот случај, лекарската потврда издадена од д-р Д. М. не го ослободува тужителот да одбие да ги извршува своите работни задачи. Распоредување на друго работно место поради инвалидитет, доколку таков постоел кај тужителот, се врши по добивање правосилно решение од надлежна комисија за оценка на работна способност при Фондот за ПИОМ и истото се доставува до работодавачот, што не е случај во конкретниот предмет.
Неоснован е жалбениот навод дека кај тужениот немало дисциплинска комисија за заштита на правата на работниците, дотолку повеќе што генералниот директор го ставил во состојба на жртва на мобинг. Ова од причини што постапката за отказ на тужителот е правилно и законито спроведена од страна на тужениот, во согласност со одредбите од Законот за работните односи и КД на тужениот поради што и по оценка на овој суд, правилно првостепениот суд утврдил дека оспореното решение е правилно и законито во согласност со одредбите од ЗРО и КД на тужениот. Тужителот во текот на постапката не докажал дека врз него бил вршен мобинг, туку напротив видно од списите по предметот се утврдува дека тужениот имал толерантен однос во врска со однесувањето на тужителот, повеќе пати го опоменувал и писмено и усно за непочитување на работниот ред и дисциплина, како и му изрекувал парични казни, па како тужителот продолжил со своето негативно однесување сосема оправдано му бил изречен престанок на работниот однос. Во случајот не се работи за тужбено барање за мобинг истакнато во смисла на чл. 9-а од ЗРО.”