- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 110.45 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 14, 2013
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-163/13
„При состојба кога првостепениот суд врз основа на изведените докази во текот на постапката, како и од исказот на тужителката даден во својство на странка, утврдил дека тужителката нема доказ со кој го оправдува својот изостанок за период од 8.11.2011 година до 22.11.2011 година, и дека за период од 25.11.2011 година до 19.12.2011 година истата не доаѓала на работа од причина што не потпишала договор за вработување бидејќи не се согласувала со понуденото работно место и висина на месечната плата, не била распоредена на своето работно место иако тужениот постапил по судската одлука РО.бр.1101/08 од 14.5.2010 година и ја вратил тужителката на работа и ја пријавил во задолжително социјално осигурување на 13.10.2011 година, сметано од 30.5.2008 година, кое нешто се утврдува од образецот М1/М2 , како и од известувањето од Државниот инспекторат за труд бр.07-1261/3 од 19.9.2012 година, правилна е одлуката на првостепениот суд кога го одбил како неосновано тужбеното барање на тужителката, односно правилно првостепениот суд утврдил дека донесената одлука е законита. Видно од содржината на одлуката за отказ, основна причина е неоправдано отсуство од работа 3 или 5 последователни работни дена во текот на една година, па како тужителката не доставила доказ со кој би ја оправдала својата спреченост за работа произлегува дека има основ за отказ на договорот за вработување (...).”