Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-166/10

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 106.79 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 3, 2010
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-166/10

„(...) првостепениот суд правилно го применил и материјалното право кога согласно со чл. 81, т. 1, 2 и 3 од ЗРО го одбил како неосновано тужбеното барање на тужителот (...), утврдувајќи дека решението за престанок на работниот однос на тужителот е правилно и законито, односно донесено во законито спроведена постапка по претходно поднесена пријава од овластено лице и спроведена дисциплинска постапка против тужителот, бидејќи тужителот го сторил кршењето на работниот ред и дисциплина.

(...) првостепениот суд правилно утврдил дека тужителот бил затекнат како спие на работното место што значи дека не постапил согласно со своите должности како службено лице да го обезбедува местото пред и околу стражарницата. Со ваквото дејствие тужителот не се придржувал на прописите што важеле за неговото работно место со што ја нарушил безбедноста на установата, односно сторил кршење на работниот ред и дисциплина. Оттука, произлегува дека оспореното решение е правилно и законито донесено согласно со чл. 81, ст. 1, т. 1, 2 и 3 од ЗРО и одредбите од чл. 9, ал. 1, 2 и 3 од Правилата за утврдување на кршењето на работниот ред и дисциплина, поради што врз основа на чл. 33 од ЗИС, чл. 49, ст. 2 и чл. 55, ст. 2 од Законот за организација и работа на органите на државната управа и чл. 85 и чл. 86 од ЗРО основано на тужителот му престанал работниот однос кај тужениот.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-130/10
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право