- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 98.59 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јуни 5, 2013
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-669/13
„(...) правилно првостепениот суд утврдил дека во одлуката со која на тужителката ѝ престанал работниот однос е наведено дека истата неоправдано изостанала од работа три последователни дена, и тоа на 2, 3 и 4 јуни 2012 г. и притоа за своето недоаѓање не го известила тужениот. Правилно првостепениот суд утврдил дека недела е неработен ден за тужениот, а факт е дека во образложението на одлуката било наведено дека тужителката изостанала од работа три последователни дена, меѓу кои и на 3.6.2012 г., кој е неработен ден – недела, поради што произлегува дека тужителката не била на работа два последователни работни дена. Имено, врз основа на приложените докази, правилно судот утврдил дека тужениот донел две одлуки за престанок на работниот однос на тужителката со ист број и дата, меѓутоа со различно образложение, односно со различни денови на отсуство, а со одлуката од 11.6.2012 г. тужителката била одјавена од Агенцијата за вработување и против истата поднела приговор.”