- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 114.94 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јуни 8, 2010
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-726/10
„(...) првостепениот суд правилно го применил материјалното право кога согласно со чл. 71, ст. 2, чл. 72, чл. 82, ст. 1 и 2 од ЗРО, чл. 134 од КД на МВР в.в. со чл. 54 од КД за измени и дополнувања на КД на МВР, чл. 3 од Законот за полиција, чл. 1, ст. 1, ал. 5 и чл. 114, ст. 1 од Законот за внатрешни работи, чл. 2, ст. 1, ал. 1 и 3 од Упатството за начинот на однесување и меѓусебните односи на работниците со посебни должности и овластувања во МВР и чл. 16 од Кодексот на полициска етика, го одбил како неосновано тужбеното барање на тужителката, утврдувајќи дека истата постапувала спротивно на наведените законски одредби и правилата и прописите на Министерството, при што сторила потешко кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски, (...) поради што против тужителката била поведена кривична постапка за кривично дело Примање поткуп и Злосторничко здружување по чл. 357 и чл. 394 од Кривичниот законик, во која ѝ била изречена мерка куќен притвор.
(...) жалбените наводи дека тужителката не го сторила кривичното дело се неосновани и не се предмет на оценка во оваа постапка во која предмет на постапување и оценување е основаноста на решението за откажување на договорот за вработување, а околноста дали тужителката ги сторила дејствијата што ѝ се ставаат на товар, односно дали го сторила предметното кривично дело ќе биде предмет на утврдување во поведената кривична постапка, додека во конкретниот случај, во оваа постапка, судот испитува и притоа утврди дека решението за откажување на договорот за вработување без водење постапка за утврдување одговорност е правилно и законито и донесено во согласност со чл. 143, ст. 7 од КД на МВР, според кој, кога на работникот на Министерството, во случаите на кршење на работната дисциплина од чл. 134, ст. 1 од КД на МВР по поднесена кривична пријава му е определена мерка притвор, предлогот за донесување решение за откажување на договорот за вработување се доставува непосредно до министерот заради донесување решение без водење постапка.
(...) видно од решението за откажување на договорот за вработување, на тужителката ѝ е откажан договорот за вработување согласно со чл. 134, ст. 1, т. 7, 8 и 14 од Колективниот договор на МВР, затоа што постапувала спротивно на правилата и прописите на Министерството, го злоупотребила и пречекорила даденото овластување и извршила дејствие што претставува кривично дело, па во обжалената пресуда првостепениот суд ги навел законските одредби и одредбите од правилата и прописите на тужениот спротивно на кои постапувала тужителката со што сторила потешко кршење на работниот ред и дисциплина и неисполнување на работните обрски од наведената одредба од Колективниот договор и на одредбата од чл. 82, ст. 2 од ЗРО.”