- Version
- Преземи 2
- Големина на фајлот 325.90 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јануари 12, 2012
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1023/11
„Неоснован е жалбениот навод на тужителот дека без да биде спроведена дисциплинска постапка кај тужениот му бил откажан договорот за вработување. Ова од причина што од доказите изведени во текот на постапката се утврдува дека раководителот кај тужениот Д. Ѓ. поднел предлог за покренување дисциплинска постапка до Директорот на Фондот (...). Со тоа што тужителот неовластено пребарувал по пензиските предмети и вадел документација ги сторил повредите кои му се ставаат на товар со оспорената одлука за откажување на договорот за вработување, односно сторил кражба на службена документација, а со кршење на влезната врата на депото со крајно невнимание предизвикал штета на работодавачот.
(...) на тужителот иако му била позната постапката за подигање документација од архива, односно дека истата претпоставува постоење налог на овластено лице, влегол во депото за одлагање пензиски предмети, неовластено пребарувал по предметите и земал документ, додека притоа во неможност да излезе од подрумските простории насилно ја отворил влезната врата со кршење на дел од истата со што правилен е заклучокот на првостепениот суд дека тужителот со ваквите дејствија ги сторил повредите наведени во оспорената одлука за престанок на работниот однос.
Овој суд ги ценеше и жалбените наводи на тужителот дека оспореното решение е донесено спротивно на одредбите од Конвенцијата бр. 158 и Препораката бр. 166 на МОТ за престанок на работниот однос на иницијатива на работодавачот, меѓутоа за истите најде дека не се од влијание во конкретниот случај од причина што при донесувањето на одлуката за престанок на работниот однос, тужениот постапил во согласност со одредбите од Законот за работните односи, што значи оправдано на тужителот му престанал работниот однос поради сторени повреди од чл. 82, ст. 1, т. 5 од ЗРО.”