- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 111.55 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање април 2, 2014
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1259/13
„(...) правилно првостепениот суд врз основа на изведените докази во текот на постапката, како и од исказите на сведоците (...) кои изјавиле дека тужителот изјавил дека на критичниот ден консумирал алкохол и кога лицата од БТА при вршење на прегледот на тужителот биле спремни да го носат за да му се земе примерок од крвта, тужителот во тој момент признал дека консумирал алкохол, ценејки го и медицинскиот извештај (...), во кој е констатирано дека тужителот признал дека критичниот ден консумирал алкохол за време на работа, односно дека по дадената терапија, вработениот пред повеќе сведоци признал дека критичниот ден консумирал алкохол за време на работа, утврдил дека кај тужителот за извршување на работните задачи и обврски постои утврдено присуство на алкохол во крвта, кое нешто претставува повреда на работниот ред и дисциплина од потежок облик, поради што правилно првостепениот суд утврдил дека оспореното решение со кое на тужителот му престанал работниот однос е законито, односно навистина е утврдено дека постои вина и повреда на работниот ред и дисциплина од тужителот, дотолку повеќе што самиот во својата изјава своерачно потпишана признал дека има навика за носење и користење алкохолни пијалоци на своето работно место.
Неосновани се жалбените наводи на тужителот во кои наведува дека решението со кое му е изречен престанок на работниот однос е донесено во незаконски спроведена постапка, односно истото било донесено од неовластени лица и од неовластена дисциплинска комисија. Видно од списите во предметот, односно од полномошното издадено од страна на Управителот на тужениот, М. С. Ш., истиот ги овластил лицата З. К., А. Е. Т. Е. и М. Б., меѓу другите наведени овластувања наведено е истите за потребите на работодавачот да извршат ангажирање на работници и кога ќе се покаже потребно да избркаат, односно да го прекинат работното ангажирање на работниците, да ги потпишуваат договорите за работа, кое нешто е потврдено и со одлука за именување на овластени застапници (...), а како видно од решението за престанок на работниот однос на местото работодавач е потпишано лицето З. К. генерален менаџер, произлегува дека истото е потпишано од овластено лице, додека во однос на жалбениот навод дека одлуката е донесена од неовластена дисциплинска комисија, овој суд го одби како неоснован, бидејќи предмет на спор е одлуката за откажување на договорот за вработување и судот ја цени законитоста на одлуката, а не и постапката кај работодавачот.”