- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 106.96 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање март 5, 2014
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1278/13
„(...) кога работодавачот го откажува договорот за вработување во својата одлука е должен да го наведе основот за откажување на договорот за вработување и во истата да го образложи откажувањето на договорот за вработување, односно да наведе на кој начин, со кои дејствија, во кој временски период и слично работникот сторил повреда на работниот ред и дисциплина. Тужениот донел решение (...) со кое ѝ го откажал договорот за вработување на тужителката поради кршење на работниот ред и дисциплина согласно со чл. 81, ст. 1 и 2 од ЗРО. Видно од содржината на решението се утврдува дека истото нема образложение, односно не се наведени дејствијата со кои тужителката сторила повреда на работниот ред и дисциплина, на кој начин не го почитувала работниот ред и дисциплина, кои работни обврски не ги извршувала и на кои правила и прописи не се придржувала, ниту пак е наведено кога и во кое време тужителката со своите дејствија ја сторила повредата која ѝ се става на товар. Оттука, во услови кога одлуката за откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина не ги содржи сите законски елементи, правилно првостепениот суд нашол дека одлуката на тужениот со која ѝ е откажан договорот за вработување на тужителката не е во согласност со законот и дека тужениот не ја докажал основаноста на причината за откажување на договорот за вработување.”