Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1506/11

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 524.40 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јануари 18, 2012
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1506/11

„Во конкретниот случај, првостепениот суд врз основа на изведените докази, пред сè од увидот во дневниците за работа за паралелките кои ги водел тужителот, а каде е наведена содржината на податоците за реализација на наставната програма, утврдил дека тужителот во првото полугодие реализираните часови ги завршувал со еден број, а почетокот на второто полугодие имал нереализирани наставни часови и на последниот час пред завршување на полугодието во текот на еден наставен час во графата им ги спуштил двете оценки на сите ученици. Исто така, видно од известувањето (...) со кое тужителот бил предупреден од страна на директорот на првотужениот, составено по неговото присуство на часот на (...) тужителот, констатирани се одредени недостатоци во смисла на тоа што наместо запишаната методска единица во дневникот за работа, предавал друга единица и немал дневна подготовка за предметниот час.

(...) по наоѓање на овој суд, правилно првостепениот суд утврдил дека тужителот на овој начин ги сторил повредите што му се ставаат на товар, што значи дека истиот постапил спротивно на законските одредби на ЗРО, а како тужителот во текот на постапката не докажал дека совесно ги извршувал работните обврски кои произлегуваат од неговото работење, правилно првостепениот суд го одбил како неосновано тужбеното барање на тужителот.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1599/11
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право