- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 341.57 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање ноември 1, 2012
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1528/12
Согласно со законските одредби од ЗПП и ЗРО, судот не е врзан за квалификацијата на работодавачот. Имено, во конкретниот случај се работи за откажување на договор за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина и неисполнување на работните обврски и во овој случај битно е дали тужителката (работничката) ја сторила повредата од работен однос која ѝ се става на товар. Од изведените докази, произлегува дека тужителката заедно со други колеги со тоа што го поттикнала прекинот на процесот на работа со цел да се попречи излегувањето на саботното издание на Утрински весник и иако од страна на претставникот на синдикатот биле предупредени дека прекинот не е во согласност со законските одредби, истата постапила спротивно на Законот за работните односи и на чл. 38 од Правилникот за работни односи на тужениот (работодавачот), согласно со кој работникот е должен да се воздржува од сите постапки кои со оглед на природата на работата што ја врши кај работодавачот се штетни или би ги повредиле интересите на работодавачот и ја сторила повредата од работен однос која ѝ се става на товар. Од тука, по наоѓање на овој суд, правилно првостепениот суд утврдил дека одлуката со која на тужителката ѝ престанал работниот однос без отказен рок е донесена согласно со Закон.