Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1593/11

  • Version
  • Преземи 2
  • Големина на фајлот 353.51 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јануари 18, 2012
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1593/11

„(...) правилно првостепениот суд утврдил дека отказот не бил даден поради неоправдано отсуство од чл. 82, т. 1 од ЗРО, туку поради тоа што во критичниот период кај тужениот имало зголемен обем на работа, а од страна на претпоставениот раководител била издадена писмена наредба за прекувремена работа за ден 17.4.2010 година, за која тужителот и усно и писмено бил известен за потребата да се јави на работа заради навремено завршување на проектот, меѓутоа тој иако бил известен, не се јавил и без одобрение од непосредно претпоставениот раководител не се јавил на работа во деновите 19, 29 и 30.4.2010 година и не го оправдал отсуството и со тоа сторил повреда на работниот ред и дисциплина и не ги исполнил обврските утврдени според чл. 81, т. 1 и 2 од ЗРО, чл. 12, ст. 1, т. 1 и 2, чл. 13, ст. 1, т. 19, 24 и 35 од Правилата за работниот ред, дисциплина и надомест на штета на тужениот, како и со чл. 13, ст. 1, т. 1 од Договорот за вработување.

Жалбениот навод на тужителот во кој наведува дека првостепениот суд неправилно постапил кога одлучил како во изреката од причина што погрешно го применил и материјалното право, односно чл. 73 од ЗРО, во кој се укажува дека работодавачот мора писмено да го предупреди работникот за неисполнување на обврските и можноста на отказ во случај на натамошни кршења на истите, како и дека судот не ги зел предвид и Конвенцијата бр. 158 и Препораката бр. 166 од МОТ за престанок на работниот однос на иницијатива на работодавачот како составен дел на уставно-правниот поредок на РМ, е неоснован. Ова од причина што тоа е според чл. 80 од ЗРО, но (...) случајот (...) се однесува на одредбите од чл. 81 од ЗРО, според која законска одредба и му престанал работниот однос на работникот и во која законска одредба не е предвидено дека работодавачот е должен писмено да го предупреди, ниту пак да му даде отказен рок со оглед дека истиот сторил повреда на работниот ред и дисциплина и не ги исполнил обврските утврдени со Закон.

(...) работодавачот не е обврзан да одговара на приговорот, и со истекот на рокот за приговор, одлуката станува конечна кај работодавачот и во смисла на чл. 181 од ЗРО е предвидена второстепена постапка за заштита на правата со поднесување на тужбата.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1506/11
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право