Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1861/12

  • Version
  • Преземи 2
  • Големина на фајлот 103.02 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 28, 2012
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1861/12

Во конкретниот случај, на тужителката (работничката) ѝ бил откажан договорот за вработување поради исполнување на условите од чл. 82, ст. 1, т. 5 од ЗРО, што значи во услови кога во врска со работата работникот намерно или од крајно невнимание ќе предизвика штета на работодавачот, на истиот ќе му се откаже договорот за вработување.

Работничката сторила кршење на работниот ред и дисциплина и со крајно невнимание не ги исполнила работните обврски како оператор за контрола на квалитет на крвни линии согласно со работните инструкции кај тужениот (работодавачот). Работничката била на смена во работните денови 11.3. и 14.3.2011 г. во време кога бил произведен неисправниот сет во врска со кој била поднесена рекламација од деловниот партнер и поради неисправноста на сетот се довел во прашање животот и здравјето на еден пациент во болница во Данска кога за време на третман – хемодијализа дошло до истекување и загуба на 1.000 мл. крв на пациентот, што значи дека работодавачот претрпел материјална штета и нематеријална во нарушување на угледот. Со оглед на обврските на работничката како одговорен оператор на контрола на квалитетот на крвни линии, вршејки ги работните обврски со крајно невнимание, овозможила да се случи неисправност на крвната линија. Исто така, во случајот работодавачот пред донесувањето на одлуката немал обврска да ја утврдува и висината на штетата заради утврдување на одговорноста и причинската врска помеѓу невнимателното извршување на работните обврски на работничката и настанатата штета, независно дали се работи за материјална или нематеријална, бидејки општопознат факт е дека давањето рекламација на неисправност на производ е доволна причина работодавачот да претрпи материјална штета и нарушен углед, поради што на работничката законски ѝ престанал работниот однос.

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1857/12
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право