- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 96.42 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање април 30, 2014
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-270/14
„(...) во конкретниот случај, основ за откажување на договорот за вработување на работникот без отказен рок е употребата на алкохол на работното место, согласно со чл. 82, ст. 1, т. 4 од ЗРО, како и непочитувањето и непридржувањето кон наредбата од страна на тужителот, издадена од генералниот директор со која најстрого се забранува внесување на алкохол и наркотични средства во кругот на М. и работните простории на тужениот. Од изведените докази во текот на постапката произлегува дека тужителот не бил тој кој внел алкохол во службените простории кај тужениот што е неспорен факт и за тужениот. Во конкретниот случај, не е познато кој го внел алкохолот кај тужениот, а во текот на постапката тужениот не докажал дека тужителот консумирал алкохол или е под дејство на алкохол кога го затекнал директорот Н. Б. Ваква состојба не затекнале ниту сведоците кои дале изјава во дисциплинската постапка, туку нивните наводи се однесувале само на затекнатото шише алкохол и чаши под бирото на А. Ѓ. Тужениот не докажал дека тужителот ги сторил повредите на работниот ред и дисциплина погоре цитирани, односно не изнел решителни факти по однос на повредата што му се става на товар, а што е причина за изречениот отказ.”