- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 144.28 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 7, 2015
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-650/14
„По наоѓање на овој суд, првостепениот суд од изведените докази во текот на постапката, правилно утврдил дека оспоренената одлука донесена од тужениот е незаконита.
Тужениот донел одлука со која на тужителот му е откажан договорот за вработување со отказен рок од еден месец (...) од 24.1.2012 година, затоа што истиот сторил повреда на работниот ред и дисциплина и неисполнување на работните обврски – неотчитување на броила на потрошувачите и несовесно внесување на КВ 2 кодови за месец ноември и декември 2011 г., предвидени како повреди од чл. 81, ст. 1, т. 1, 2 и 3 од ЗРО, а врз основа на поднесена пријава и извештаи од координаторот Ј. С., кој врз основа на направена контрола на 30.11.2011 година и на 1.12.2011 година утврдил неправилности од страна на тужителот. Имено, тужителот во спорниот период кај 32 потрошувачи внел несоодветни кодови и не отчитал состојба со што постапил спротивно на работните обврски од чл. 30, ст. 1 и чл. 34 од ЗРО, чл. 15, ст. 1, т. 1, 2 и 6 од КД на Друштвото и чл. 7, ст. 1, т. 1 и 3 од Договорот за вработување, при што сторил повреда на работниот ред и дисциплина и неисполнување на работните обврски од чл. 81, ст. 1, т. 1, 2 и 3 од ЗРО.
Во конкретниот случај се работи за откажување на Договор за вработување со отказен рок поради кршење на работниот ред и дисциплина и на работните обврски, па товарот на докажување е на страна на работодавачот – тужениот, бидејќи согласно со Законот за работните односи и Законот за парничната постапка, тужениот – работодавачот треба да докаже дека работникот – тужителот ја има сторено повредата која му се става на товар. Видно од списите во предметот, тужениот со ништо не докажал дека тужителот сторил повреда на работните обврски и не се придржувал на прописите што важат за вршење на работите на работното место на тужителот.
Имено, правилно првостепениот суд од изведените докази во текот на постапката (...) утврдил дека во регионот каде тужителот ги извршувал своите работни задачи – отчитување на броила на потрошувачи со рачен терминал и задолжително внесување на предвидени КБ 2 кодови, се работи за потрошувачи во конзумното подрачје Дојран, кои поседуваат викенд-куќи кои се користат само во летниот период и најчесто се целосно затворени поради што броилата се непристапни за отчитувања, како и за потрошувачи во дел од конзумното подрачје Гевгелија, кое го покривал тужителот и кои дел се исклучени од електричната мрежа на тужениот, а кај дел од потрошувачите електричното броило се наоѓа на непристапно место или во затворени објекти до кои тужителот немал пристап, поради што тужителот согласно со Известувањето за работните задачи од 23.5.2011 г., т. 18, го внесувал во терминалот КВ код 34 – сезонски потрошувач, а согласно со т. 21 од истото известување, внесувал КВ код 29 – кај исклучените потрошувачи.
Согласно со горенаведеното, по наоѓање на овој суд правилно првостепениот суд од изведените докази заклучил дека тужителот во спорниот период не сторил повреда од чл. 81, ст. 1, т. 2 и дека истиот навремено, редовно, совесно и според правилата на известувањето за работните задачи и задолженија ја вршел својата работа во однос на отчитување на броилата на корисниците и правилно ги внесувал кодовите за време на целиот период додека ја обавувал работата.”