- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 201.85 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јуни 29, 2016
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1443/15
„(...) во конкретниот случај, предмет на спор е одлуката за откажување на договор за вработување поради неоправдано отсуство од работа три последователни работни дена, односно пет работни дена во текот на годината, па од суштествено значење е дали работникот го оправдал или не своето отсуство од работа.
Во одлуката за откажување на договорот за вработување е наведено дека на тужителот му се откажува договорот за вработување затоа што неоправдано изостанал од работа три последователни работни дена, односно пет работни дена во текот на годината, и тоа на ден 4.9.2014 година, 5.9.2014 година, 17.9.2014 година, 18.9.2014 година и 19.9.2014 година тужителот не се јавил на работното место, ниту пак го оправдал своето отсуство од работа.
(...) по наоѓање на овој суд правилно првостепениот суд врз основа на детална анализа на секој доказ предложен од страна на тужителот и тужениот утврдил дека тужителот во спорниот период не го оправдал своето отсуство од работа, односно видно од извадокот за евидентирање во електронскиот систем за евиденција на работното време за вработените (...), кој доказ е доставен од страна на самиот тужител со тужбата, тужителот бил задолжен со картичка (...) и од електронската евиденција за доаѓање и одење на вработените произлегува дека тужителот не се евидентирал дека е присутен на работа во деновите 4.9.2014 година, 5.9.2014 година, 17.9.2014 година, 18.9.2014 година и 19.9.2014 година и дека ги извршува работните задачи, а своето отсуство од работа не го оправдал во вид на боледување од надлежна медицинска установа или со писмено одобрение од надлежниот претпоставен на тужителот.
(...) видно од договорот за вработување (...) од 2.9.2014 година, во чл. 5 е утврдено дека работното време на работникот изнесува 40 часа во работната недела и дека работното време започнува од 8:30, а завршува во 16:30 ч., кој договор е потпишан од страна на тужителот, што значи дека со самото потпишување на договорот за вработување истиот е должен да ги почитува одредбите од договорот за вработување, а дотолку повеќе што и одредбата од чл. 30 од ЗРО го обврзува работникот, сега тужителот, да се придржува кон организацијата на работа и деловна активност на работодавачот.
(...) тужителот бил задолжен со електронска картичка и истиот е должен да се евидентира, на кој начин ќе го потврди своето присуство на работа, како што тужителот го евидентирал своето присуство во деновите кога доаѓал на работа. Од друга страна, тужителот не го докажал фактот дека истиот немал обврска да го евидентира своето присуство.
Оттука, во услови кога тужителот не доставил докази дека истиот во спорниот период бил на работа и ги извршувал своите работни задачи, правилно првостепениот суд утврдил дека тужителот ја сторил повредата која му се става на товар, односно истиот неоправдано изостанал од работа три последователни работни дена, односно пет работни дена во текот на годината и тужениот имал основ да му го откаже договорот за вработување согласно со чл. 82, ст. 1, т. 1 од ЗРО.”