Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-257/13

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 165.57 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 28, 2013
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-257/13

„(...) Од страна на надзорниот одбор на тужениот во март месец 2011 година била донесена Програма за престанок на работниот однос на работниците и во истата тужениот се осврнал на битните прашања по однос на потребата од отпуштање на поголемиот број работници, дадена е анализа на постојната состојба на тужениот, мерките за рационализација на работењето, детално е опишана процедурата која треба да се следи и периодот за кој треба да се остварат планираните отпуштања, донел одлука за определување на критериумите и мерила за утврдување потреба за престанок на работниот однос на работниците во која ги утврдил мерилата и критериумите за утврдување на потребата за престанок на работниот однос, тужителката била бодирана согласно со утврдените критериуми, до донесување на програмата за престанок на работниот однос на работниците од деловни причини тужениот го намалил планираниот број на колективни отпуштања на 20% од вкупниот број вработени и помеѓу тужениот и синдикалната организација склучен бил договор од 19.5.2011 година и анекс на основниот договор од 3.6.2011, доставил известување до Агенцијата за вработување во кое ги навел причините за отпуштање, бројот на работниците кај работодавачот и периодот за кој отпуштањата треба да се случат, копија од ова известување доставил до Синдикалната организација при (...) АД Скопје, поткрепено со докази за причините за престанување на потребата од работата на работниците, и доставил известување до Агенцијата за вработување за работиците за кои ќе престане потребата од работа и на кои ќе им престане работниот однос од деловни причини, во одлуката за откажување на договорот за вработување било наведено дека на тужителката ѝ престанува работниот однос заклучно со 2.9.2011 година со отказен рок од два месеци сметано од 2.7.2011 година.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-2241/12
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право