- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 368.89 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање септември 29, 2011
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-562/11
„(...) првостепениот суд утврдил дека постапката за прогласување на дел од вработените како технолошки вишок била спроведена во согласност со одредбите од Законот за работните односи и дека одлуката за откажување на договорот за вработување од деловни причини е правилна и законита, (...) применувајќи ги одредбите од чл. 76, ст. 1, т. 3, чл. 95 и 97 од Законот за работните односи (...).
Неоснован е жалбениот навод на тужителката дека требало да биде бодирана со останатите вработени од соодветна струка и квалификации на исти или слични работни места, како и дека тужениот утврдувал технолошки вишок по работни единици според списоци кои немаат врска со работни места. Ова од причина што од доказите изведени во текот на постапката неспорно произлегува дека како резултат на спроведената постапка за реорганизација во работењето кај тужениот дошло до намалување на бројот на вработени на работното место на кое работела тужителката, па имајќи го ова предвид и по оценка на овој суд, правилно првостепениот суд утврдил дека во законито спроведена постапка во согласност со одредбите од Законот за работните односи ѝ престанал работниот однос на тужителката како резултат на намалување на бројот на вработени на работното место (...).
Неоснован е жалбениот навод на тужителката дека првостепениот суд не постапил согласно со законот и донел пресуда во која само ја објаснува постапката што ја спровел тужениот, немајќи во вид дека не биле утврдени мерила и критериуми со КД. Ова од причина што во конкретниот случај, тужениот извршил измена на Актот за систематизација на работните места, со која е намален бројот на извршители на работното место на кое работела тужителката, донел мерила и критериуми за бодирање на работниците иако не бил склучен колективен договор на ниво на работодавач и врз основа на таквите мерила и критериуми ја утврдил структурата на работниците на кои им престанува работниот однос со отказ од деловни причини. Мерилата биле применети за сите вработени транспарентно и објективно врз основа на податоци од компјутерски софтвер.
Овој суд ги ценеше жалбените наводи на тужителката дека согласно со ЗРО тужениот во законскиот рок не го усогласил Колективниот договор на ниво на работодавач, меѓутоа истите не ги прифати од причина што неусогласеноста на Колективниот договор не го ослободува тужениот од обврска за почитување на Општиот колективен договор и ЗРО. Имено, во услови кога не бил склучен колективен договор на ниво на работодавач, се применуваат одредбите од ЗРО, а во случајот тужениот при донесувањето на одлуката за престанок на работниот однос од деловни причини на тужителката, ги почитувал одредбите од Законот за работните односи.
Овој суд ги ценеше и жалбените наводи на тужителката дека се повредени одредбите од Конвенцијата бр. 158 и Препораката бр. 166 од МОТ за престанок на работниот однос на иницијатива на работодавачот како составен дел на уставниот поредок на РМ, меѓутоа за истите најде дека не се од влијание во конкретниот случај, од причина што при донесувањето на одлуката за престанок на работниот однос тужениот постапил во согласност со одредбите од Законот за работните односи, што значи оправдано на тужителката ѝ престанал работниот однос поради намалување на бројот на извршители на работното место на кое работела, а како резултат на спроведената постапка за реорганизација во работењето кај тужениот.”