Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-728/12

  • Version
  • Преземи 2
  • Големина на фајлот 367.91 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 10, 2012
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-728/12

„Неоснован е жалбениот навод на тужителот дека не било утврдено дали согласно со новиот правилник работното место на тужителот било укинато или бил намален бројот на извршители, дали критериумите за престанок на работниот однос од деловни причини тужениот сам ги утврдил или тоа го сторил со претходна консултација со синдикатот, како и дали биле објавени мерилата и критериумите по кои на тужителот му престанал работниот однос. Ова од причина што, одлуката за откажување на договорот за вработување од деловни причини (...) од 8.6.2010 година е донесена согласно со чл. 95, 96 и 97 од ЗРО и чл. 78 од Статутот на тужениот, како и согласно со Одлуката за престанок на работниот однос на работници од деловни причини (...) од 7.6.2010 година. Вака донесените одлуки од страна на тужениот се донесени согласно со одредбите од ЗРО, при што тужениот го известил тужителот за донесената одлука за откажување на договорот за вработување од деловни причини, па потоа ја известил и Агенцијата за вработување – Центарот за вработување за групата работници на кои ќе им престане работниот однос од деловни причини, доставен на 8.6.2010 година. Пред донесувањето на наведените одлуки, тужениот со известување (...) од 25.2.2009 година го известил репрезентативниот синдикат кај тужениот за намерата за прогласување на одредена група работници за технолошки вишок, што значи дека истиот постапил согласно со чл. 95 од ЗРО. Притоа, тужениот донел Програма за утврдување на структурата и бројот на работниците на кои треба да им престане работниот однос од деловни причини во В. М. АД С., ги утврдил критериумите според кои ќе се утврди на кои работници ќе им престане работниот однос од деловни причини, извршил рангирање на работниците по одделенија и групи во кои бил утврден вишок на работници и врз основа на вака спроведената постапка донел одлука за престанок на работниот однос на работниците од деловни причини. Според тоа, произлегува дека кај тужениот била утврдена потребата од воведување на деловните причини кои се резултат на економската светска криза, како и случувањата во областа на производството на железнички сообраќајни средства и опрема на регионално меѓународно ниво, во согласност со постојната организациона и техничка поставеност на тужениот била создадена дополнителна, неопходна и итна потреба од преземање итни активности за реорганизација на друштвото со цел да се намалат и што е можно повеќе ублажат и избегнат последиците од глобалната светска криза со цел да се задржи конкуренцијата во согласност со меѓународно прифатените стандарди и да се одговори успешно на зголемената конкуренција и намалениот обем на работа на глобално ниво. Поради тоа, било утврдено дека со воведувањето на економски-структурални и слични промени кај тужениот ќе престане потребата од работа на одредени делови кај тужениот заради што било одлучено да се намали бројот на извршители на работното место – контролор со техничка компетентност Б во одделение за контрола, група за меѓуфазна контрола – сектор за операции при В. М. АД С. Во случајов, тужениот извршил бодирање на сите вработени во наведеното одделение, при што тужителот добил вкупно 18 бода и бил заведен под реден број 6, што значи од вкупно 9 работници во овој сектор се нашол во последните тројца на кои им престанал работниот однос.

Овој суд ги ценеше жалбените наводи дека Одлуката е спротивна на чл. 65 од КД за дејностите производство и преработка на метали, црна и обоена металургија, рударство, електроиндустрија и енергетика, како и на Конвенцијата бр. 158 и Препораката бр. 166 на МОТ, меѓутоа истите не ги прифати за основани. Ова од причина што, во конкретниот случај тужениот при донесувањето на одлуката за откажување на договорот за вработување на тужителот постапил правилно и во согласност со одредбите од чл. 71, ст. 2 в.в. со чл. 76, ст. 3 од ЗРО поради утврдената потреба од воведување на деловните причини кои се резултат на економско-финансиското работење на друштвото во последните години, поради што за одредени работни места се појавила потреба од нивно укинување. Притоа, работодавачот има дискреционо право да одлучува за вработување на видови кадри кои му се потреби во процесот на работата и за укинување работни места кои го попречуваат успешното работење и спроведување на тој процес.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-562/12
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право