- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 103.60 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 14, 2010
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1105/10
„(...) првостепениот суд, применувајќи ги одредбите од чл. 205, ст. 1 од ЗРО и чл. 1 и чл. 13 од Општиот колективниот договор за стопанството на РМ, правилно го применил материјалното право (...) бидејќи во конкретниот случај тужениот како работодавач бил должен пред да ја отпочне постапката за престанок на работен однос на тужителот од деловни причини да ги утврди и да ги примени критериумите и мерилата предвидени во Колективен договор или во некој друг акт за на тој начин да го утврди приоритетот за задржување на работното место.
(...) и по оценка на овој суд, тужениот можел да носи одлуки за престанок на работниот однос од деловни причини со непосредна примена на одредбите на ЗРО само во периодот од склучувањето на Анексот бр. 2 на Колективниот договор на тужениот од 27.01.2006 година кога биле избришани одредбите со кои биле предвидени критериуми врз основа на кои се спроведува постапката за престанок на работниот однос од деловни причини до склучувањето на Општиот колективен договор за стопанството на РМ од 23.6.2006 г. и неговото влегување во сила.
Во конкретниот случај, оспорените одлуки се донесени по склучувањето на Општиот колективен договор, па тужениот пред започнување на постапката за откажување на договорите за вработување од деловни причини морал во некој акт да има определено критериуми и мерила, како и да ги примени истите за на тој начин да го утврди приоритетот за задржување на работното место, односно да утврди на кои работници треба да им престане работниот однос. Во услови кога тужениот како работодавач не постапил на овој начин, постапката за отказ и донесените одлуки се незаконити и спротивни на Законот за работните односи и Општиот колективен договор за стопанството на РМ.”