Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1136/10

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 369.82 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 1, 2011
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1136/10

„(...) Во конкретниот случај, на тужителот му престанал работниот однос поради намалување на бројот на извршители на работното место на кое работел пред отпочнување на постапката за прогласување на работници за технолошки вишок, поради што и по оценка на овој суд, правилно првостепениот суд постапил кога го одбил како неосновано тужбеното барање на тужителот за поништување на Одлуката за престанок на работниот однос на тужителот како незаконита.

Неоснован е жалбениот навод на тужителот дека неправилно било извршено бодирањето, како и дека не може да се утврди кој ја правел ранг- листата и врз основа на кои податоци се давани бодовите. Ова од причина што, Одлуката за откажување на договорот за вработување од деловни причини (...) од 16.3.2009 година е донесена врз основа на чл. 97 од ЗРО и чл. 219 од КД на тужениот. Во конкретниот случај, вака донесената одлука е донесена согласно со ЗРО поради постоење на деловни причини (економски, организациони, технолошки, структурални или слични промени). Имено, согласно со чл. 76, ст. 1, т. 3 од ЗРО, работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување ако престанала потребата од вршење на определени работи под услови утврдени во договорот за вработување заради деловни причини. Притоа, работодавачот донел Програма за воведување на економски-структурални и слични промени и решавање на правата на работниците со која се утврдува потребата од воведување на економски-структурални и слични промени со предлог за решавање на правата на работниците за кои престанала потребата во М. Л. АД С., односно со која било утврдено дека ќе нема потреба од работниците во Одделението – машинско одржување со што ова одделение се укинува, а потоа донел одлука (...) од 10.12.2007 година со која се укинува работното место – бравар 1 во одделението Машинско одржување. Според тоа, произлегува дека кај тужениот била утврдена потребата од воведување на деловните причини кои се резултат на целокупното економско-финансиско работење на друштвото во последните години, како и неповолните финансиски резултати од работењето поради што тужениот не можел редовно да ги намирува обврските од работењето, како и од причина што за одредени работни места поради процесот на работење се појавила потреба од нивно укинување. Поради тоа, било утврдено дека со воведувањето на економски-структурални и слични промени кај работодавачот ќе престане потребата од работа на одредени делови кај тужениот заради што било одлучено да се намали бројот на извршители на работното место – бравар 1 во одделението Машинско одржување. Исто така, во случајов тужениот извршил бодирање на сите вработени во одделението, при што тужителот добил вкупно 40 бода кои се однесувале за успешност, квалификација и за стаж.

Овој суд го ценеше жалбениот навод дека тужителот немал склучено договор за работа во писмена форма на кое работно место работел, па не е јасно кој договор се откажува со одлуката за отказ, меѓутоа за истиот најде дека е неоснован од причина што во случајот не е од влијание дали е склучен писмен договор за работа помеѓу тужителот и тужениот, бидејќи неспорно е дека тужителот работел кај тужениот на работно место бравар 1 во одделение Машинско одржување.

Овој суд ги ценеше жалбените наводи дека Одлуката е спротивна на чл. 65 од КД за дејностите производство и преработка на метали, црна и обоена металургија, рударство, електроиндустрија и енергетика, врз основа на кој е донесен и Колективниот договор на тужениот, како и на Конвенцијата бр. 158 и Препораката бр. 166 на МОТ, меѓутоа истите не ги прифати за основани. Ова од причина што, во конкретниот случај тужениот при донесувањето на Одлуката за откажување на договорот за вработување на тужителот постапил правилно и во согласност со одредбите од чл. 71, ст. 2 в.в. со чл. 76, ст. 3 од ЗРО поради утврдената потреба од воведување на деловните причини кои се резултат на економско-финансиското работење на друштвото во последните години, поради што за одредени работни места се појавила потреба од нивно укинување. Притоа, работодавачот има дискреционо право да одлучува за вработување на видови кадри кои му се потреби во процесот на работата и за укинување работни места кои го попречуваат успешното работење и спроведување на тој процес.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Гостивар РОЖ-7/11
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право