- Version
- Преземи 3
- Големина на фајлот 315.93 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 17, 2011
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1541/10
„(...) Апелациониот суд Скопје смета дека тужениот не ја спровел правилно и законито постапката за престанок на вработувањето според одредбите од ЗРО, чл. 13 од Општиот колективен договор за стопанството и Препораката бр. 166 од Меѓународната организација на трудот.
Според чл. 13 од Општиот колективен договор за стопанството во РМ, предвидено е дека критериумите за структурата на работниците на кои им престанува работниот однос кај работодавачот поради економски, организациони, технолошки, структурни или слични причини – деловни причини, се утврдуваат со колективен договор на ниво на работодавач. Во оваа смисла е и Препораката бр. 166 од Меѓународната организација на трудот. Во случајот, тужениот нема свој колективен договор во кој би ја предвидел постапката за откажување на договорот за вработување од деловни причини и би ги предвидел мерилата и критериумите за оценување на вработените, кои од нив ќе го задржат работното место, а на кои од нив ќе им престане работниот однос.
Во случајов, тужениот донел одлука за утврдување мерила и критериуми, меѓутоа оваа одлука се однесува само на еден критериум, а тоа е постапката за оценка на извршената работа за 2007 година. Мерила не се донесени. Од ова произлегува дека тужениот бил должен да донесе повеќе критериуми врз основа на кои ќе ги оценува вработените и мерила – бодови за секој критериум колку бода ќе носи, па врз основа на извршената оценка, согласно со таквите мерила и критериуми, да се состави ранг-листа од која ќе се констатира кој работник колку бодови добил.
Во случајот, во истиот ден – 20.5.2008 година донесени се: Програмата за спроведување на технолошки вишок, Правилникот за организација и систематизација, Одлука за престанок на работниот однос на работниците од деловни причини и Одлука за утврдување на мерила и критериуми за определување на работници на кои им се откажува договорот за вработување, иако Правилникот кој е донесен на 20.5.2008 година стапува во сила по 8 дена, односно на 28.5.2008 година.
Од наведените причини, незаконита е одлуката на тужениот за отказ на договорот за вработување и од тие причини истата се поништи.
Тужбеното барање на тужителот, да се задолжи тужениот да го врати тужителот на истото работно место (...) е неосновано, затоа што при повторното враќање на работа тужителот може да биде вратен на работно место соодветно на неговата стручна подготовка во зависност од систематизацијата на работното место на тужениот.”